Фестивалот на Велешка питијада на кој ќе биде промовирана познатата велешка пастрмајлија, се покажа дека најдобро би поминал со музиката на Дино Мерлин. Вака за сега гласаат на Фејсбук. На фан страната на „Фестивал на велешка пита и вино“, има линк за гласање па организаторите ги пршуваат своите фанови: Кого би сакале да го видите на Велешка питијада?
Како понудени пејачи за кој веќе наголемо се гласа се : Дино Мерлин, кој засега убедливо води, по него е Аца Лукас, а трета за пастрмајлиска журка е Цеца Ражњатовиќ. Мртва трка е меѓу Влатко Стефановски и Каролина Гочева, кои се на трето и четврто место, а последна е Јелна Карлеуша. Фестивалот на пита и вино во Велес почнува на 19 октомври и ќе треа до 22 октомври .