Утревечер (23 март) во кафулето на Младински културен центар ќе бидат промовирани две збирки поезија на 12-годишната Марија Јанчевска, „Сентиментални отпечатоци на времето“ и „Солза“.
„Оваа поезија го растоварува зборот од непотребните конотации, прецизно ги определува вистинските значења во секој израз што сака соодветно да ја објасни духовната субјективност на авторката. Марија е доста речита кога ги гради тврдините на зборот во кои умешно ги сокрива потенцијалите на значењата, вешта е во одмерувањето на силата на изразот кој наменски е вперен кон појавата што е предмет на опсервација, умее да ги разбие стереотипите со ненадејни силни зборови“, стои во рецензијата на Марјан Костовски.
Промоцијата е закажана за 19 часот.