Раул Гонзалес: Горд сум на моите момци!

Тренерот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес не го криеше задоволството од ремито што го го остварија нашите ракометари против силната Германија.

„Јас сум многу задоволен играчите дадоа сè од себе. Одигравме одличен натпревар. Имавме притисок да бидеме први, но сега засега сè е супер. Верувам дека утре ќе биде подобро. Задоволен сум од тоа како изиграа момците. Чудно ми е што успеавме против голема репрезентација како Германија да оствариме и реми. Очекувам позитивен резултат и со Чешка. Играчите се уморни ама треба да уживаме во ова што го остваривме. Јас сум горд како одиграа ракометарите на теренот“, изјави Раул Гонзалес по мечот со Германија.

 

 

 

 

Scroll to Top