Фотографијата на Роберт Атанасовски на која се гледаат само две згради од Скопје кое е обвинено во магла и смог, престижниот „Гардијан“ вчера ја прогласи за фотографија на денот.
Гардијан сеојдневно ги објавува топ-фотографиите од светот, а кои го одбележале денот што изминал. Овој пат загадувањето во нашиот главен град е топ-тема и на нивниот интернет сајт.