Тамара, Некст тајм и Ај Кју на „Сквер Јадран“ за Нова година

Откако Град Скопје реши да ја откаже централната новогодишна прослава и парите да ги даде во хуманитарни цели, прослава сепак ќе се одржи, но во организација на Општина Центар. На 31 декември на „Сквер Јадран“ (близу плоштадот „Македонија“, во правец кон Соборниот храм) ќе настапат Тамара, Ај кју и Некст тајм, а се шпекулира дека ќе настапи и музичка група од поранешните ју-простори.

Град Скопје пред еден месец излезе со соопштение дека нема да организираат пречек на Нова година и дека парите наменети за прославата ќе се донираат во хуманитарни цели. Градот сè уште не е накитен, а елката на плоштадот ќе биде поставена на 15 декември.

 

Scroll to Top