„Троновите“ во Прилеп

Викендов во Прилеп се одржа 17. издание на меѓународниот карневал „Прочка 2018“. Илјадниците посетители од земјата и странство имаа можност да сведочат за негувањето на традицијата и обичаите на многуте натпреварувачи што се натпреваруваа во неколку категории.

Младите основци од ООУ„Никола Карев“ од Крушево активно зедоа учество во првиот натпреварувачки дел во категоријата современа групна маска за учесници до 14 години. Десетината ученици годинава вторпат дефилираа на градскиот плоштад во Прилеп. Минатата година, иако учествуваа првпат, го освоија второто место со групната маска „Весели ежиња“. Инспирирани од таквиот успех, оваа година го вложија целиот свој младешки дух, ентузијазам и креативност да ја создадат годинашната маска „Музика за тронови“. Два тапана, две хармоники и четири виолончела беа потребни да го остават жирито без здив и без конкуренција да го освојат првото место.

Scroll to Top