Денеска сабота на 11 ноември со почеток во 20 часот, популарната музичка група Меморија ќе одржи концерт во Метрополис арената. Како што самите членови на групата најавија, тие имаат намера да се наврат на голем дел од македонската рокенрол историја!
Ги повикаа сите свои фанови да бидат дел од овој настан и сите заедно да уживаат!
Приказната за “Меморија“ започнува во 1984-та. Основачи се Душан Трпковски – Ринго (гитара) и Петар Георгиевски – Камиказа (бас).
Почнуваат да свират поп рок, при што во првите години од постоењето на “Меморија“ често се менуваат членовите на групата.