Скопскиот бенд „Фанк шуи“ деновиве одржаа мини концерт на кој го промовираа новиот материјал, а свиреше и постари песни. На концертот тие го промовираа и спотот за нивната нова песна, „Виулици/Сомнежи?“. Песната е комплетно дело на бендот, а се снимаше во студио „Подрумот“ од Ангел Ќосев. Видеото го изработи Чедо Поповски.
„Фанк шуи“ неодамна потпиша договор со „Авалон продукција“, а овој концерт и спот го одбележаа официјалниот почеток на соработката.