(Видео) Колективен транс по Ана и Раста во Скопје

Српската музичка двојка Ана Николиќ и Раста вчера се дружеа со фановите во Скопје Сити Мол. Раста и Ана за нив го изведоа нивниот хит „Случајност“, а потоа испеаја уште неколку песни од последниот албум на Ана „Лабилна“. Тие дојдоа во Скопје како прет-промоција на нивниот заеднички концерт што ќе се одржи на 16 февруари во арената „Борис Трајковски“.

Тие вчера имаа и интервју за „Репортер“ во кое открија дека медиумите за нив пишуваат од самиот почеток на врската и дека не ги поштедиле ни во време на брачната голгота, па дури и пишувале дека разводот е маркетиншки трик. Двојката во интервјуто додаде дека се навикнале на целата фама околу нив.

Тие во текот на минатата година добија ќерка, се разведоа, па се смирија, а наскоро заедно ќе пеат на концерт во Скопје.

„И приватно и работно сме отсекогаш заедно. Но, низ цело ова време имавме и ние голготи, секако во бракот, но и со новинарите што пишуваат сè и сешто. Можеби нашето игнорирање да зборуваме за приватниот живот нè доведе во ситуација да пишуваат сешто за нас. Ама ние, ете, пребродивме сè, па и брачната голгота“, рече Раста.

Scroll to Top