(Видео) Концертот во Скопје им го спаси бракот на Ана Николиќ и Раста

Пејачка Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ – Раста, синоќа одржаа концерт во салата Борис Трајковски. Српските ѕвезди ја воодушевија публиката во преполната арена. Ова е прв заеднички концерт на српските музичари откако ги поднесоа документите за развод. Тие разменија бакнеж на сцената. Но, блиски беа и пред неколку недели кога дојдоа да го промовираат концертот пред новинарите. Во прес-салата во хотелот „Александар палас“ влегоа држејќи се за рака, а во текот на целиот настан, разменуваа нежности и задоволно се смешкаа.

На вчерашниот концерт голем број фанови од цела Македонија ги пееја нивните хитови, а најголема еуфорија предизвика заедничкиот хит на брачната двојка „Случајност“. Публиката лудуваше и на останатите нивни песни „Ночи немире“, „Еуфорија“, „Тако добро“ „Милион долара“ во изведба на Раста. По ова следеа и „Екстаза“, „Јануар“ и многу други.

Дека голем број обожаватели на балканската музичка двојка е од помладата публика се покажа и вчера. Ана Николиќ во еден момент рече дека најверојатно добар дел од публиката да не ни се сеќава, а можеби не биле ни родени, кога ги отпеала нејзините омилени песни во ’90-те години.

Ана и Раста застанаа заедно на бината по речиси цела година и покажаа дека кога ќе се фатат за микрофонот прават добра журка.

За нивниот настап да се памети допринесе и танчерската група на Ивана Милеусниќ. Гости на концертот беа Тајзи и Спејко.

Љубиша Владимиров

 

Scroll to Top