(Видео) Марија Шерифовиќ ја доби публиката

Познатата балканска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ, синоќа одржа голем солистички концерт во салата Борис Трајковски во Скопје. Ова е прв концерт на српската победничка на Евровизија,  кај нас. Комотна и спонтана на сцената, во преполната сала, Шерифовиќ  ги доби симпатиите на публиката која во еден галс ги пееше нејзините најголеми хитови како „Молитва”, „Бол до лудила”, „Паметна и луда”, „Горка храброст”…За ќеф на  публиката таа отепа и по некоја песна од поп-ѕвездата Тоше Проески, што беше  причина плус, публиката да ужива во нејзиниот настап.

Scroll to Top