(ВИДЕО) Поп-пејачите ја снимија „Вечниот бог“

Голем дел од пејачите во пресрет на Бадник и Божик ја снимија новата верзија на една од најпознатите божикни песни кај православниите, „Вечниот Бог“.

Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и „Некст тајм“, Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, ќе ги предводат “Бадникови поворки“ на 6 јанураи низ Македонија.

Аранжманот за песната е на Владимир Димовски, а видеото веќе е во подготовка.

Оваа песна најмногу ќе им помогне на децата – коледарчиња со леснотија да ја научат божикната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото раѓање. Затоа пејачите порачуваат:

„Дечиња, сите да ја научиме песничката ‘Вечниот Бог’ и на празникот Бадник масовно да учествуваме во Бадниковите поворки. Сите заедно, цела Македонија!“

Scroll to Top