На 17 март во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи традиционалниот Виенски бал. Балот е во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус” и под покровитество на амбасадата на Република Австрија во Македонија. Скопје по 19-ти пат ќе биде дел од австриската балска култура. Годинава дел од средствата од билетите ќе бидат наменети за граѓанска организација на лица со и без хендикеп. Професионалниот оркестар „Јохан Штраус“ ќе биде под диригенство на Бисера Чадловска, настап ќе има и танцовиот клуб „Прима данц’, а балетските точки ќе ги одиграат балетаните Марија Кичевска и Бобан Ковачевски. Од лани, Виенски бал во Скопје е ставен и на светската мапа на виенски балови.
Виенски бал во Скопје
