Вино и опојни жени за Св. Валентин во Неготино

By

Кристина Арнаудова најави дека по 20 години кариера, првпат ќе одржи концерт во родното Неготино.

„Ве очекуваме за Св. Трифун во Неготино, каде што виното е најубаво, а жените се најопојни… Или обратно беше. Нема врска. Битно ќе има журка, многу јака“, вели Кристина.

Таа ги повика сите свои фанови да дојдат на концертот што го организира Општина Неготино. Настанот ќе започне напладне на 14 февруари, а ќе трае до утринските часови следниот ден, а освен Арнаудова, ќе настапат и Александар Белов, Мишко Крстевски, Ѓоко Ѓорчев, „Ај кју“ и многу други македонски изведувачи и диџеи.

„Св. Трифун во мојот град. Не смејте се, не е за смеење. Прв концерт во мојот роден град ќе имам сега по две децении пеење. Да, дојдете. Сигурно ќе биде добро. Новиот градоначалник има критериуми и очигледно знае дека македонското звучи најдобро. Полека но сигурно може ќе се оправиме“, додава Кристина.

 

Ќе ви се допадне