Влатко Стефановски во март ќе одржи концерт во Скопје

На 17 март гитаристот Влатко Стефановски  ќе одржи концерт на кој првпат пред македонската публика ќе биде претставен материјалот од својот 33. албум со наслов „Мајчин јазик“. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера и веднаш по издавањето доби неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.

Концертот ќе биде заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.

Специјални гости ќе му бидат балканската етнодива Билја Крстиќ и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје.

Scroll to Top