Глумицата Ирена Ристиќ заедно со десетина волонтери од движењето ,,Не биди ѓубре“, вчера го чистеше сметот околу Пошта 2, под Железничката станица во Скопје. Таа на својот фејсбук-профил објави фотографии од акцијата за чистење на градот и најави дека следната недела ќе чистат пред Универзална сала.
„Благодариме на чичкото кој ни донесе џиновска лопата и тетка Летка за кафето! Горко за сите!“, напиша таа покрај фотографиите.