За новогодишната ноќ 27 лица завршиле на токсикологија

За време на новогодишната ноќ, 27 лица ја посетиле Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар. Најмладото лице имало 16 години, информираше директорот на Токсикологија, Нико Беќаровски, а пренесува а1.он.

Тој изразил задоволство што  првпат по долго време на Клиниката за токсикологија за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години. Додал и дека немало лица предозирани со психо-активни супстанци.

Ургентниот центар во болницата „8 Септември“ го посетиле 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.

На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65 лица, од кои пет биле хоспитализирани, а врз 4 се извршени операциски зафати, но овие повредени немаат врска со новогодишната ноќ.

На Хирургија пристигнале и 4 лица со изгореници на рацете од петарди, но без сериозни повреди, за кои немало потреба да се хоспитализираат. Пристигнале и двајца пациенти со површни рани на вратот од огнено оружје од заталкани куршуми.

Scroll to Top