Зошто судиите досудија пенал за Германија по завршувањето на натпреварот со Словенија?

Натпреварот помеѓу Словенија и Германија заврши со резултат 25:25 откако судиите досудија пенал за Германија по неговото завршување. Словенците постигнаа гол седум секунди пред крајот и почнаа да ја слават победата. Но, тогаш судиите одлучија да ги прегледаат снимките.

Тие десетина минути најпрво разгледуваа дали словенечкиот играч Блаж Јанц направи престап при погодокот со кој Словенија поведе, ама заклучија дека погодокот е чист. Следната спорна ситуација што ја разгледуваа се случи веднаш потоа – откако Јанц даде гол и Словенците почнаа да ја прославуваат победата, Германците се обидоа да тргнат и да шутираат од центарот. Во тоа ги спречи Блаж Благотиншек, кој постави блок на самиот центар.

Спорно со овој блок е што словенечкиот играч не беше оддалечен три метри од изведувачот, а правилата на ИХФ од 2015 година велат дека „доколку во последните 30 секунди од играта, додека топката не е во игра, играчот одолговлекува или го попречува противникот да изведе или упати удар кон голот, судијата мора да го дисквалификува и да досуди удар од седум метри за противничката екипа“.

Ако Благотиншек стоеше поназад со кренати раце за да го блокира ударот, според правилата, немаше да досудат пенал.

Scroll to Top