Поранешниот извршен директор на „Ауди“, Руперт Штадлер, е осуден на условна затворска казна од 21 месец и парична казна за измама и вмешаност во дизел скандалот што го зафати „Фолксваген“ во 2015 година. Тој е првиот врвен менаџер на кому му се судеше и е осуден како дел од скандалот „Дизелгејт“.
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ и неговиот партнер Ауди во тоа време признаа дека користеле софтвер за мамење за да направат нивните автомобили да изгледаат помалку загадувачки на тестовите. Штадлер некогаш беше ѕвезда на германската автомобилска индустрија.
Тој не беше обвинет дека наредил употреба на софтвер за мамење на емисиите, но призна дека не направил доволно за да ја спречи измамата и да ја запре продажбата на погодените автомобили, јавува Би-Би-Си. Првично го негираше обвинението, но две и пол години судење, ја призна вината.
На уште двајца обвинети им беше понудена спогодба за признавање на делото и на тој начин им беше дадена можност да избегнат затворски казни. Во мај потоа се договориле ѝ ја признале измамата. Покрај условната затворска казна, Штадлер беше казнет со 1,1 милион евра (950.000 фунти).
Волфганг Хац, поранешниот шеф на мотори на „Ауди“, доби двегодишна условна казна за измама и парична казна од 400.000 евра, додека уште еден инженер добил 21 месец и помала парична казна. И двајцата признаа дека ги манипулирале дизел моторите.
Во очите на германската јавност, признанието за вина на Штадлер не изгледаше особено искрено. Ова се случи дури откако судиите му се заканија со затвор. Признанието минатиот месец не ја потврди неговата директна вмешаност во „Дизелгејт“, туку само грешките што ги направи во справувањето со оваа работа.
Штадлер призна дека имал можност да интервенира и да дејствува, но не го сторил тоа.
„Тој не знаеше за софтверот, но со негова согласност беше одобрен. Требало повеќе да внимава“, рече неговиот адвокат.
Критичарите истакнаа дека 1,1 милион евра не е голема казна во споредба со неговата заработка. За потсетување, судењето на Штадлер траеше со години.