Совети што ќе ви помогнат да го изберете вистинскиот клима-уред за вашиот дом

Температурите на воздухот секојдневно растат, а во ноќните часови е уште потопло. Доаѓа период во годината кога луѓето треба да се опремат и да набават нови клима уреди. Овој практичен водич со информации ќе ви помогне како да ја набавите вистинската клима за по дома или канцеларија.

Во 2021 година во светот се испорачани шест милиони собни клима уреди, што претставува бројка поголема за речиси 10% во однос на 2020 година. Температурите растат од година во година, а собните клими се евтина и енергетски ефикасна алтернатива за ладење на една или две соби. 

 Klima-uredjaj - Max Vakhtbovych / Pexels

Просечно домаќинство во ЕУ троши речиси 13 проценти од својот годишен домашен буџет за комунални услуги. Ова е според Energy Star истражувањето.

Затоа е многу важно да се избере вистинската единица за ладење, затоа што таа, освен што мора да ве олади, мора и да троши помалку струја и други ресурси кои повремено се менуваат или дополнуваат.

Она од што најмногу се прашува кога се во прашање климите е нивната јачина, што е еден од главните фактори кои би требало да се земат во предвид за време на купувањето, но е далеку од тоа дека е единствен, затоа што јачината нема да ви го реши просторот со некои други работи.

  - Max Vakhtbovych / Pexels

Премалите клима уреди тешко можат да оладат големи простории, додека преголемите, односно пресилните, пребрзо го ладат просторот и нема истовремено да ја отстрануваат влагата, па во тој случај постојано ќе седите, работите или лежите во студен или влажен простор.

Додека купувате клима, морате да ја знаете точната квадратура на просторијата која сакате да ја оладите или да ја затоплите. На тој начин ќе знаете каква клима ви е потребна, мала, средна или голема. Распрашајте се колку струја троши уредот.

Доколку просторијата ви е изложена на директна светлина, зголемете ја силата за 10% од препораките за просторот каде сакате да ја ставите климата, односно намалете ја потребната сила исто така за 10% ако просторијата е помалку изложена на сонце.

Сепак ако климата ви се наоѓа во кујна, тогаш дополнително земете совет од експертите кога ќе купувате и нагласете дека климата сакате да ја ставите во кујна.

Денес инвертерите се доста популарни

 Klima-uredjaj-2-.jpg - Mohamed Hassan / Pixabay

Една од клучните карактеристики за клима уредите од поновите генерации, е инверетер технологијата, која им овозможува брзо постигнување на посакуваната температура, без разлика на тоа дали е во прашање греење или ладење.

Оваа иновација овозможува далеку помалку потрошувачка, а со самото тоа носи и големи заштеди на крајот од месецот. Тоа ги прави овие уреди одлични за греење во прелазниот период, во зима и особено во летниот период.

 Klima-uredjaj-1-.jpg - Mohamed Hassan / Pixabay

Инвертерот овозможува намалување на потрошувачката на енергија до 70 проценти под одредени услови, што ги прави клима уредите со оваа технологија енергетски поефикасни.

За разлика од компресорите на стандардните климатизери, кои се исклучуваат и вклучуваат за да се прилагоди температурата, уредите кои имаат инвертер генерално непрекинато ја прилагодуваат брзината на компресорот за да ги одржат саканите температурни нивоа.

Оваа минимална варијација заштедува енергија и овозможува ладење, но и греење што е поефикасно во секоја смисла. Тоа минимално варирање заштедува енергија и обезбедува ладење, но и греење што во секој случај е поефикасно.

Звукот е важен и флексибилното управување

Не заборавајте ни на звукот кој го прави климата. Ако е гласен нема да ви биде пријатно во текот на денот, а особено не ноќта. Произведувачот секогаш ќе го назначи најмалото ниво на звук, но прашање е колку клима уредот е гласен при највисокото ниво на работа.

Некогаш ќе ви биде потребно посилно ладење, ако просторијата ви се наоѓа на западната страна, место од каде доаѓа директно сончевата светлина.

Ве советуваме да проверите што е она што го нудат најскапите уреди, кои се нивните карактеристики и функционалности кои добро би ви дошле. На пример, нема смисла да го заладувате максимално просторот ако во него не престојувате подолго време.

  - Promo / LG

Решение е можноста за програмирање или уште подобро, закажување со далечинско со контроли и закажување и контрола преку апликација на паметните телефони, или пак додека се возите во автомобил.

Се поголем број автомобили поддржуваат smart home решение, со кое може да се контролираат климите или некои други апарати преку екранот на возилото. Било да е тоа преку Android или Apple, ова решение одамна е достапно и кај нас.

Да не зборуваме за клими уредите кои и кај нас одамна може да се контролираат од далечина, додека единицата е поврзана со smart home sistem или пак Wi-Fi мрежа.

  - LG.

Во кој дел од куќата ќе ја вградите климата

За време на вградувањето во просторијата, внимавајте во кој дел од просторијата ќе ја вградите климата, затоа што за адекватно ладење на просторот важно е да се насочи воздухот во центарот на просторијата, а не по краевите.

Можеби нема да можете да ја сместите единицата на таква позиција во просторијата, па затоа е важно пред да го купите уредот, да изберете таков кој ќе може да го насочува воздухот дали налево и надесно.

Не ја вградувајте климата во близина на уред кој создава топлина, како што е телевизор, сијалица или лампа или пак некој друг кујнски уред. Не заборавајте ни на тоа дека вашата клима мора да биде достапна поради филтерите кои нема да можете често да ги менувате или чиститте, ако сакате климата долго време да ви работи исправно и да ви исфрла квалитетен воздух.

  - LG.

Долга гаранција или стандардна?

Времетраењето на гаранцијата исто така може да ви каже нешто за квалитетот и доверливоста на брендот чиј уред планирате да го купите. Ако се работи за помалку познат или речиси непознат бренд, честопати стратегијата на таквите брендови е да дадат поголем број години гаранција, но прашање е колку долго ќе чекате за поправка ако нешто пукне сред лето и пеколна топлина.

Долготрајната гаранција, иако делува смирувачки и психолошки создава чувство на сигурност, понекогаш знае да биде трик, па затоа не дозволувате да ви биде срам да го прашате продавачот колкав процент од уредите се враќаат и колку долго треба да чекате да заврши поправката, односно колку уредот во просек завршува на сервис.

Ова се работите кои продавачот мора да ги знае и не дозволувајте да се согласите да купите уред, ако тој не умее да ви каже нешто од ова. Изберете ги оние уреди на кои податоците им се познати.

 

Scroll to Top