Дигитален уметник од Истанбул, Турција, Алпер Хесилтас, со помош на вештачка интелегенција ја нацрта покојната принцеза Дајана. Хесилтас направи серија фотографии под името „Како ништо да се нема случено“, и покажа како Дајана би изгледала ако ја избегнеше трагичната несреќа во 1997 година.
Ако ја преживееше сообраќајката во тунел во Париз, Дајана денес ќе имаше 62 години. Фановите напишаа дека била толку едноставна и дека засекогаш ќе остане кралица во нивните срца.
„Таа беше кралица на срцата. Толку години минаа по нејзината трагична и прерана смрт, но и сè уште луѓето ја паметат“, коментираа фановите.
Погребот го следеа преку 32 милиони Британци, бројка поголема и од погребот на кралицата Елизабета Втора. За потсетување, за време на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, на почетокот на мај, низ улиците имаше голем број плакати со фотографии од принцезата Дајана.