(Фото) Адел облече фустан што го носела пред 4 години за да покаже колку ослабела

Британската пејачка Адел, која неодамна ослабе повеќе од 40 килограми, не престанува да се фали со новиот изглед. Таа викендов го облече фустанот што го носеше пред 4 години на фестивалот „Гластонбери“.

32-годишната пејачка откри дека ја погледнала снимката од нејзиниот настап, па го облече фустанот што сега ѝ е неколку броеви поголем. Адел објави слика на која игра облечена во фустанот, додека се гледа како пее, а вели „испила 5 пива претходно“.

Пејачката не крие дека е пресреќна што ослабе. Таа вели дека држела строга диета, дека вежба и дека отсега многу ќе внимава, оти цел живот сакала да е слаба, а сега конечно успеала.

Scroll to Top