Светската старлета Ким Кардашијан на своите фанови преку фотографии им покажа како се создава нејзиниот нов парфем, пренесува Дејли Мејл.
Во објавените експлицитни слики во вторникот, старлетатата е покриена со тенок слој на глина.
„Го намачкавме моето тело цело со глина, а потоа го тестиравме шишенцето со парфем“.
На фотографиите Кардашијан е целосно гола.
И минатата недела на идентичен начин, Ким го промовирала новиот парфем. На 30-ти април, таа објави фотографии од нејзините отпечатоци од голото тела во песокот.
„Следниот мирис што ќе излезе на пазарот во мај, „KKW Body“, е неверојатен. Тоа е скулптура, во основа, направен е од моето тело “, изјавила Ким во своето интервју за „Бизнис на модата “.
„Тоа е навистина кул. Мирисот е толку добар ѝ јас сум горда на добиениот резултат. Ми мириса на злато, иако е нешто малку прозразлично“, изјавила Ким.