(Видео) Гатачка ѝ предвидела на Кејт Мидлтон дека ќе се омажи богато

Во британските медиуми деновиве се појави видео од училишната драма во која глумела војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Таа имала само 13 години кога играла главна улога со школска претстава во училиштето Сент Ендрус во Бакхолд. Според сценариото, „видовита старица“ ѝ предвидела дека ќе се омажи за богат маж по име Вилијам.

„Наскоро ќе запознаеш убав маж, богат човек“, вели старицата.

„Тоа сум го сакала отсекогаш. Ќе се заљуби во мене?“ одговара Кејт.

„Секако дека ќе се заљуби“, додава гатачката.

„И ќе се ожени со мене?“ прашува Кејт.

„И ќе се ожени со тебе“, потврдува старицата.

Подоцна во драмата се открива дека името на богатиот маж е Вилијам.

Scroll to Top