45 милиони кристали „Сваровски“ на сцената на „Оскарите“

В недела вечер ќе се одржи најпрестижната холивудска манифестација – Оскар, која оваа година ќе се одржи по 90-ти пат.

По повод јубилејното доделување на наградите на Академијата за филмски уметности и науки, сцената во Долби театарот во Холивуд ќе блесне во полн сјај.

Дизајнерот Дерек Меклејн, кој  шестипат по ред е задолжен за изгледот на сцената, ќе ја мами публиката со блескав спектакл. Оскаровската сцена ќе биде украсена со 45 милиони кристали „Сваровски“.

Scroll to Top