Пејачката Адел важи за некој со одличен вокал, па не е чудно што има освоено бројни награди. Покрај тоа, таа несомнено добро заработува, а со еден потег изненади многумина.
Пејачката била советувана од нејзините пријатели да склучи предбрачен договор за да ги заштити своите 220 милиони долари, кои најмногу ги има заработено од продажбата на своите албуми.
Таа поседува и неколку куќи, а нејзините главни резиденции се имот од 11 милиони долари во Англија, имот од 10,5 милиони долари во Калифорнија.
Исто така, пејачката поседува и две куќи во Лондон, кои се проценуваат на 14 милиони долари. Згора на се, таа си ја дозволи и вилата на актерката Сивестер Сталоне во Лос Анџелес за 58 милиони долари, пренесува „Дејли мејл“.
Со оглед на огромните бројки, донекаде е разбирливо што пејачката се одлучила за предбрачен договор.
Адел тајно се омажи за Рич Пол, а пред него беше со Сајмон Конецки со кој го има синот Анџело.