Откако неодамна откри дека ќе паузира од својата музичка кариера, Адел моментално е во преговори за одржување концерти за 2025 година, пренесува The Mirror.
Според нив, понудена и е огромна сума на пари за неколку настапи на стадионот на Тотенхем Хотспур, кој може да прими околу 60 илјади луѓе.
Иако неодамна изјавила дека планира да оди на долг одмор, наводно решила да го одложи и да продолжи со низата одлични настапи. Извор близок до пејачката за Mirror изјавил дека доколку Адел се согласи да одржува концерти, би можела да заработи и до пет милиони фунти по настап (околу шест милиони евра).
Адел моментално ги завршува своите настапи во Лас Вегас и им кажа на фановите дека нема да ја продолжи турнејата. „Воопшто немам никакви планови за нова музика“, рече таа во интервју за германски ЗДФ.
„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?“, додаде пејачката.