Актери што починале среде снимање филмови

Неколку популарни актерки и актери починале среде снимање филмови. Дел од нив починале од природна смрт, некои се убиени, а некои се самоубиле.

Пол Вокер

Актерот го снимаше седмото продолжение на „Брзи и бесни“ кога загина во сообраќајна несреќа.

Џек Ритер

Актерот само што го заврши снимањето на „Лошиот Дедо Мраз“ и почна да ја снима новата сезона на серијата „Осум правила за да излегуваш со ќерка ми“.

Брендон Ли

Синот на актерот Брус Ли беше убиен на сетот на филмот „Врана“. Куршумите во пиштолот со кој е пукано во него биле заменети во вистински, а Брендон почина во болница како последица на раните од пукањето.

Антон Јелчин

Актерот го прегази неговата кола. Тој ја оставил на нагорнина за да ја земе поштата, но откажала рачната кочница и колата се вратила во рикверц и удрила директно во глумецот. Антон во тоа време го снимаше „Ѕвездени патеки“.

Брус Ли

Актерот почина од мозочен удар, од тромб што се откачил во време на постпродукција на филмот „Доаѓа змејот“.

Кларк Гејбл

Холивудскиот заводник почина од срцев удар додека го снимаше „Несоодветни“ со Мерилин Монро.

Ривер Феникс

Актерот почина на 23 години од предозирање, пред крајот на снимањето на филмот „Темна крв“.

Хит Леџер

Леџер се самоуби во 2008 година додека го снимаше филмот „Имагинариумот на доктор Парнасус“.

Мерилин Монро

50 години по нејзината смрт не се знае дали актерката се самоуби или е убиена. Таа го снимаше филмот „Нешто мора да попушти“.

Британи Марфи

Британи го снимаше филмот „Нешто чудно“ кога почина под неразјаснети околности. Некои велеа се предозирала со апчиња, други дека добила инфекција на телото. Втората опција е поверодостојна, зато и нејзиниот сопруг почина 5 месеци подоцна, со истите симптоми.

Scroll to Top