Актерката Марго Роби е новото лице на „Шанел“

Актерката Марго Роби, иако не освои „Оскар“ за улогата во „Јас, Тоња“ , по елегантното претставување на црвениот тепих во едноставен бел фустан на дизајнерот Карл Лагерфелд, беше официјално прогласена за амбасадор на легендарната француска модната куќа „Шанел“.

Во изјавата Австралијката сподели дека за неа е сон да претставува модна куќа со слична богата историја. Таа призна и колку високо го цени брендот за тоа што продолжува и до ден-денешен да е стандард за женственост и сила.

Scroll to Top