Ал Пачино на гости во домот на 36 години помладата бившата девојка Лусила Сола, откако раскинаа пред осум години

Папараците во Беверли Хилс го забележале актерот Ал Пачино како излегува од домот на неговата бивша девојка Лусила Сола, која е 36 години помлада од него.

Ал Пачино бил забележан пред домот на Сола. Додека актерот излегува од дворот, таа му го држи чадорот и потоа му помогна да влезе во автомобилот.

Четиригодишната врска Пачино и Сола, ја раскинаа во 2015 година. И после седум години, Пачино и Сола наводно сè уште се блиски пријатели.

„Многу се блиски, но не им било судено да бидат заедно. И двајцата се посветени на нивната работа, па одржувањето врска отсекогаш им било тешко“, изјавил извор близок до актерот.

Лусила е мајка на Камила Морон, бившата девојка на Леонардо ди Каприо.

Разликата во години помеѓу актерот и Лусила е 36 години, но таа не е најмладата девојка што ја имал актерот, неговата сегашна девојка 29 годишната Нур Алфака.

 

 

 

Scroll to Top