Амал ми дојде дома, така се запознавме

Холивудскиот акттер Џорџ Клуни открива како ја запознал Амал и дека неговиот менаџер ја предвидел нивната венчавка. Тоа се случувало во септември 2014 година , ама запознавањето било малку и наместено.

„Најлудата работа е што воопшто не излегов од дома за да ја запознаам мојата идна сопруга. Еден наш заеднички пријател поминуваше покрај мојата куќа и ми довикна: Би поминал до кај тебе, но може да донесам пријателка?, јас секако се сложив“, раскажал 58 годишниот Клуни во емисијата на Дејвид Летерман.

„Потоа ми се јави менаџерот и низ разговор ми рече: Ја сретнав таа жена која доаѓа кај тебе и ти ќе се ожениш со неа“, продолжува Клуни.

Но, таа вечер Џорџ не бил сам дома.

„Најсмешно од се е тоа што баш тогаш моите родители ми дојдоа на посета и тие беа цело време со нас. Толку многу се зазборевме што останавме будни цела ноќ“,вели Џорџ.

Тој додаде и дека Амал целата вечер фотографирала и дека и ја дал својата маил адреса.

„Ми рече дека ќе ми ги испрати фотографиите од моите родители и навистина го направи тоа. Така почнавме да се допишуваме. Не знаев дали ќе сака да излезе со мене и мислев дека сме само пријатели“, додава Клуни.

Денеска Џорџ и Амал се среќни родители на близнаците Александар и Ела.

Scroll to Top