Глумицата Амбер Херд е наводно во преговори да напише книга во која ќе ја раскаже целата приказна за бракот со Џони Деп. Таа сака да ја напише книгата сега кога повеќе нема што да изгуби по тужбата за клевета од поранешниот сопруг.
Глумицата е подготвена да му се одмазди на бившиот по излегувањето губитник по долгиот судски процес.
„Амбер кариерата во Холивуд ја смета веќе за завршена. Таа е веќе во разговори и е возбудена поради тоа. Во овој момент нема што да загуби и сака да каже сè“, рече извор за OK! Časopis.
Дрор Бикел, бракоразводен адвокат и автор на книгата The 1 % Divorce, When Titans Clash, смета дека Амбер има што да изгуби затоа што може да предизвика нова потенцијална тужба.
„Деп и неговите адвокати ќе читаат и слушаат сè што Херд ќе напише. Ако ја премине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе биде погодена со уште една тужба за клевета и ќе веднаш заврши на суд“, рече Бикел.
Застапниците на Амбер не ги демантираа шпекулациите, но во вторникот одбија да ја коментираат ситуацијата за медиумите, иако сега се зборува дека ќе ја каже целата вистина во книгата. Амбер неодамна во интервју за NBC Dateline рече дека е исплашена оти Деп би можел повторно да ја тужи.
„Претпоставувам дека тоа е она што тужбата за клевета треба да го направи, а тоа е да ве замолчат“, тврдеше таа во интервјуто.