Анџелина и Џенифер ќе се сретнат на „Златен глобус“

Поранешните сопруги на Бред Пит скоро никогаш не се појавуваат на исти настани и отсекогаш одбивале да се најдат на иста сцена. Но, овој пат ги спои Здружението на странски новинари во Холивуд, кои ја објавија листата презентери за „Златните глобуси“, а на неа сега се најдоа и Џенифер Анистон и Анџелина Џоли. Бидејќи наградите оваа година се во знакот на здружувањето на жените, двете актерки прифатиле да бидат дел од „Глобусите“.

Џенифер Анистон неодамна донираше 500 илјади долари на кампањата Time’s Up GoFundMe, кој се грижи за доделување правна помош на мажи и жени жртви на сексуално насилство, напад и мобинг, без разлика во која сфера работат. Џоли, пак, јавно проговори за тортурата на холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

На листата презентерки се и Хали Бери, Емилија Кларк, Кели Кларксон, Пенелопе Круз, Хју Грант, Кит Харингтон, Крис Хемсворт, Хелен Мирен, Ема Стоун. …

Scroll to Top