Анџелина Џоли ја вработи ќерка ѝ Вивиен како лична асистентка

Анџелина Џоли ја постави ќерка ѝ Вивиен за личен асистент во новиот проект. Глумицата беше критикувана, затоа што ја поставила за асистент на новиот бродвејски мјузикл The Outsiders, на кој таа е продцент. Џоли за првпат работи на Бродвеј и за првпат ја вработила ќерка ѝ како асистент.

„Многу ме потсетува на мајка ми, бидејќи не сака да биде во центарот на вниманието, но сака да поддржува други креативни луѓе. Многу е сериозна и внимателна кога е театарот во прашање и мислам дека може и знае како да придонесе за проектот”, рече Џоли.

Мјузиклот е базиран на романот на С. Е. Хинтон и на истоимениот филм од 1983 година на Френсис Форд Копола. Тогаш голем број холивудски глумци играа во него. Том Круз, Роб Лоу, Патрик Свејзи, Ралф Макио, Мет Дилон и Дајан Лејн беа само некои од нив.

Приказната ги следи двете ривалски тинејџерски банди во Оклахома.

За потсетување, Анџелина Џоли и Бред Пит покрај Вивиен имаат уште пет деца. Три им се посвоени, а три биолошки. Сè уште постои драма околу старателството над малолетните деца, меѓу кои и Вивиен.

Џоли ги посвои Медокс (22), Пакс (19) и Захара (18), а Пит ги Шајло (17) и близнаците Нокс и Вивиен, кои имаат 15 години. Бред Пит легално ги посвоил првите три деца и тие го носат и неговото презиме. Во моментов, Бред и Анџелина одат на суд за наводен физички напад и винаријата што ја купиле заедно.

 

 

 

Scroll to Top