Анџелина Џоли сака да ја тужи Џенифер Анистон затоа што ѝ го украла нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг Бред Пит, пишуваат светските медиуми. Таа сака добро да наплати од двајцата за тоа што во моментов го поминува.
Наскоро треба да се одржи рочиштето на Анџелина и Бред околу старателството над нивните деца, но глумицата сега смета дека има добри аргументи против Пит. Таа ќе истакне пред судот дека Бред веќе ја запознал Џенифер со нивните три деца, пишуваат странските медиуми.
„Анџелина постојано им зборува на пријателите дека Бред и Џен ќе платат за тоа и ако е потребно на сила ќе ја донесе глумицата на суд, за нејзините адвокати да ја пречешлаат“, вели извор близок до Анџелина Џоли.
„Тоа вкрснато испрашување ќе вклучува и прашања за односот на Бред со децата, работи кои ги зборувал за Анџелина, за другите жени со кои се гледал, за неговиот однос со Џенифер. Анистон нема лесно да се извлече од оваа ситуација“, открива изворот.