Арја Старк ќе ѝ биде старосватица на Санса

Актерките Мејзи Вилијамс и Софи Тарнер, кои ги глумат сестрите Арја и Санса Старк во хит-серијата „Игра на тронови“, се најдобри другарки во приватниот живот. Девојките се запознале на снимањето на серијата и секој слободен момент го користат за дружење.

Токму затоа Софи побарала од Мејзи да ѝ биде старосватица на свадбата. Тарнер пред неколку месеци се сврши со 28-годишниот пејач Џо Џонас.

„Софи веќе ми кажа дека сака да ѝ бидам старосватица, ама ќе почекаме да заврши снимањето на последната сезона, па ќе почнеме да мислиме на свадбата“, изјавила Вилијамс.

Џонас и Софи се во врска од декември 2016 година, а се свршија во октомври.

Scroll to Top