Најскапата реплика на автомобилот „астон мартин ДБ5“ кој се користеше во „Нема време за умирање“ за 2.992.000 фунти (околу 3.347.000 евра) на аукција.
Аукциската куќа „Кристи“ ја одбележа 60-годишнината од првиот филм за Џејмс Бонд со хуманитарна аукција на повеќе од 60 предмети од продукцијата на агентот 007. Во првиот дел од аукцијата беа продадени сите 25 понудени реплики и реквизити.
Големо внимание привлече јајцето со кристали Сваровски, направено од Аспреј од Лондон. Цената на артиклот достигна 327.600 фунти, додека почетната беше 10.000 фунти. Парите од продажбата ќе бидат донирани на УНИЦЕФ. Помеѓу предметите бил и млазниот брод од „Светот не е доволен“, кој оствари профит од 126.000 фунти, „Нема време за умирање“ Aston Martin V8, кој достигна цена од 630.000 фунти и OMEGA Seamaster Diver 300M 007 Edition, кој беше продаден за 226.800 фунти.
Вториот дел од оваа онлајн аукција сè уште е во тек, а лицитацијата ќе се одржи на Денот на Џејмс Бонд – 5 октомври во 16 часот.
Со дополнителни 36 предмети од сите 25 филмови за Бонд, вклучувајќи постери, реквизити, костими, ова е последна шанса за најверните фанови да поседуваат дел од филмската историја.