Шведскиот ди-џеј Авичи, чиј живот прерано згасна во саботата на 20 април, во документарниот филм кој го снимил пред смртта, се пожалил на својот менаџерски тим за напорното темпо на работа ѝ ркеол дека тоа ќе го убие.
Станува збор за документарецот „Авичи: Вистинската приказна“, во која Тим Берглинг, кој на само 28 години трагично го заврши својот живот, изјавил дека ќе умре, ако не престане со исцрпувачките турнеи.
Документарецот премиерно е прикажан во октомври 2017 година, но и покрај тоа што бил достапен на „Нетфликс“, по неговата смрт бил отстранет. Го снимил долгогодишен пријател на Авичи, а снимањето траело четири години и хронично го прикажувало успехот на Тим до самиот врв, до самиот крај.
Одлуката да прекине со јавните настапи Авичи ја донел во март 2016 година, но менаџерскиот тим го наговорил тоа да не го прави. Сега, по неговата смрт и повеќе од јасно е на колкав притисок Авичи бил подложен. Покрај болеста и тешката состојба, Авичи посегнувал и по алкохолот за да полесно ја поднесе големата популарност, наведува Дејли Мејл.
Авичи за еден настап заработувал и до 250.000 долари, а именуван е ѝ за најплатен ди-џеј според листата на Форбс.
„Кога посакав да прекинам, очекував нешто поинаква состојба. Очекував поддршка, особено земајќи го во предвид тоа низ кое што минав. Бев многу искрен со сите со кои соработував и со сите кои ме познаваа. Сите знаат за мојот проблем со анскиозноста и дека се трудам, но тешко е. Не очекував дека луѓето ќе ме тераат на тезги, особено кога знаат како се чувствувам. Имав голем притисок кога посакав да се повлечам“, изјавил Авичи на својот пријател Леван, за време на снимањето на комплетниот филм.
Кога имал 21 година, на Авичи му бил дијагностициран акутен панкреатис, а во 2014 година бил повторно хоспитализиран. Тогаш му било извадено слепото црево и жолчната ќеса и уште тогаш соопштил дека посакува да прекине со настапите.
„Изјавив дека повеќе нема да бидам способен за настапи. Им реков дека ќе умрам дека тоа ќе ме убие. Многу пати им го соопштив тоа. И затоа не сакам да слушнам дека би требало да размислувам многу за новата тезга“, раскажал Авичи.
„Ќе се испаничам, навистина, нема да можам да го направам тоа, нема да успеам“, изјавил Тим, пренесува „Expressen“.
За жал на неговите најблиски, пријатели и милиони фанови ширум светот, неговите стравови се обвистиниле, а документарецот по смртта на Авичи бил избришан од Нетфликс.