Барак Обама: Мишел никогаш не ми прости до крај што се кандидирав за претседател

Поранешниот американски претседател Барак Обама во разговорот кој го мал со водителот Стивен Колберт во The Late Show, призна дека имало период кога тој и неговата сопруга Мишел, не биле во најдобри односи.

Тој објасни дека Мишел била против тоа да се кандидира за претседател и чувствува дека таа никогаш не му простила за периодот, кој со нивните ќерки го минале во Белата куќа.

„Таа на почетокот јасно истакна дека беше против идејата да се кандидирам за претседател. Мислам дека остана љута на мене поради тие осум години и дека никогаш не ми прости до крај. Апсолутно точно е дека ги внесов нашите деца во исклучително стресен и тежок период. Сето тоа влијаеше на нашиот брак, особено тие осум години од мандатот во Белата куќа“, истакна Обама.

Извор/Story.hr

 

Scroll to Top