Барбара Стрејсенд откри дека двапати го клонирала своето куче Саманта пред да почине минатата година на 14-годишна возраст.
Ѕвездата изјави во интервју за Variety дека зеле клетки од устата и стомакот на Саманта за да создадат два нови клона. Значи, во моментов Барбара ужива во љубовта и посветеноста на Мис Вајолет и Мис Скарлет. Постапката била скапа, но, сепак, 75-годишната пејачка и актерка сигурно може да си ја дозволи.
„Двете кучиња имаат многу поинаков карактер. Ги чекам да остарат за да видам дали ќе ги имаат кафеавите очи и сериозноста на Саманта“, вели Стрејсенд.
Иако тие се целосно бели, таа ги крстила со „обоени имиња“ бидејќи било исклучително тешко да ги разликува и ги облекува едното во виолетово, а другото во црвена облека.
Така дошле и нивните имиња – Мис Вајолет и Мис Скарлет.