Бебето на Серена Вилијамс постојано плаче, тенисерката бара совети на „Твитер“

Серена Вилијамс, една од најголемите спортистки на сите времиња, побара совет од своите фанови на социјалните мрежи како да го чува своето бебе. Таа е во рана фаза од мајчинството и  јавно  признава дека е стресно да се биде мајка, па побара помош од своите десет милиони следбеници на „Твитер“. Проблемот на Серена е што тримесечната Алексис Олимпија Оханјан не престанува да плаче затоа што почнале да ѝ растат првите заби.

„Сѐ пробавме, но ништо не го решава проблемот. Многу плаче,  иако не беше плачливо бебе, и така сѐ додека не заспие. Понекогаш ми го крши срцето кога ја гледам таква. Помош, кој било?“, напиша Серена на „Твитер“.

Серена Вилијамс се породи во септември и оттогаш редовно ги споделува своите мајчински искуства на „Твитер“.

Scroll to Top