Дејвид Бекам и Лука Модриќ со своите семејства го посетија островот Шипањ во Хрватска. Познатиот пензиониран фудбалер и капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на Реал Мадрид беа задно во ресторанот Бова на овој познат хрватски остров.
Во нивно друштво беше и сопственикот на ресторанот Перо Шаре. Не е ни чудо што семејството Бекам се врати во Шипањ, каде летиваа и лани и беа особено воодушевени од ресторанот и го посетија неколку пати. Годинава беа во друштво на Модриќ и неговото семејство.