Бела Хадид облече „бициклистички“ на забавата во Кан

Дваесет и едногодишната манекенка Бела Хадид, позната по својот уникатен моден стил, на забава во Кан се појави во металик кратки хеланки кои потсетуваат на пантолни за возење велосипед во комбинација со накитсо скапоцени камења на „Булгари“.

Подоцна, на вечерата организирана од „Диор“, Хадид дојде со драстично поинаков изглед, во елегантен црвен фустан со прерамка на едно рамо, но со истиот накит од денската комбинација.

Покрај тоа што привлекува внимание со откачените модни комбинации, медиумите постојано ја ловат со нејзиното момче, пејачот Викенд, со кого се смири неодамна.

Scroll to Top