Бен Афлек сака да ја врати Џенифер Гарнер

Актерот Бен Афлек сака да се смири со поранешната сопруга Џенифер Гарнер. По 12 години брак и неколкугодишна разделеност, тие пред неколку месеци ги потпишаа документите за развод. Бен набрзо потоа во јавноста се појави со новата девојка, продуцентката Линдзи Шокус. Американските медиуми пишуваа дека врската ја започнале уште кога Бен и Џенифер биле во брак, но дека по разводот конечно можат да се гледаат и јавно.

Пред околу месец и половина Бен повторно се пријавил во клиника за одвикнување од алкохолизам и веднаш потоа ја прекинал врската со Линдзи. Според „Радаронлајн“, Бен сака да ја врати Џенифер, која ја смета за најголема поддршка во животот, а која му помага и сега кога повторно е на рехабилитација.

Американските медиуми пишуваат дека ни актерката не е рамнодушна. Во интервју по разводот Џенифер изјавила дека и понатаму го сака.

„Тој е љубовта на мојот живот. Каде и да се појави, тој е најпаметниот и најхаризматичниот маж во просторијата. Само е комплициран“, рекла таа.

Scroll to Top