Берни Еклстоун стана татко на 89 година

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, на 89 години стана татко по четврти пат. Неговата 44-годишна сопруга, Фабијана Флоси, се породи во Швајцарија и роди син. Според британските медиуми, породувањето траело само 25 минути.

„Го нарековме мојот син Ејс, јас сум горд татко“, рекол Берни за „Блик“.

Двојката за време на бременоста била во изолација во домот на Фабијана во Сао Паоло.

Флоси е трета сопруга на Еклстоун. Тие се запознаа во 2009 година, а се венчаа три години подоцна. Берни претходно беше во брак со Британката Ајви Бемфорд, со која ја има 65-годишната ќерка Дебора, и со Хрватката Славица Радиќ, со која има уште две ќерки, Тамара и Петра.

 

Scroll to Top