Бијонсе е најплатена жена во музичката индустрија за 2017

Поп-пејачката Бијонсе ја замени Тејлор Свифт на листата на магазинот „Форбс“ на најплатени жени во музичката индустрија.

Последниот албум Lemonade и нејзината светска турнеја Formation ја доведоа Бијонсе до првото место на најплатени пејачки во 2017 година на годишната листа што ја составува магазинот „Форбс“.

Бијонсе на тој начин ја смени минатогодишната победничка Тејлор Свифт заработувајќи 105 милиони долари оваа година.

Тејлор Свифт падна на третата позиција со просечна заработка од 44 милиони

Второто место ѝ припадна на британската ѕвезда Адел, со заработка од 69 милиони оваа година, најмногу благодарение на светската турнеја, прва од 2011 година.

Тејлор Свифт падна на третата позиција со просечна заработка од 44 милиони долари во текот на 2017 година.

Поп дивата Селин Дион заработила 42 милиона долари и го зазема четвртото место, а по неа следува пејачката Џенифер Лопез, чија заработка се проценува на 38 милиони долари, потоа Доли Парон со 37 и Ријана со 36 милиони долари.

Последните три места ги делат Бритни Спирс (34 милиони), Кети Пери (33 милиони) и Барбара Стрејсенд (30 милиони), која ја зазема десеттата позиција на листата на магазинот „Фобрс“.

Scroll to Top