Бившите на Хари меѓу најдобро облечените на свадбата

Кралска венчавка ќе остане запаметена по многу работи. Британскиот принц Хари се венча со американската актерка Меган Маркл, На свеченоста имаше карактеристики и на британската и на афроамериканската култура, а меѓу гостите доминираа познати личности и холивудски ѕвезди.

На листата со гости, а и на многу листи на најдобро облечени на кралската свадба, се најдоа двете бивши девојки на принцот Хари – Челзи Дејви и Кресида Бонас.

Хари се забавуваше со Дејви неколку години, со повремени раскинувања, во раните 20-ти, а последниот обид да се помират беше во 2011. Со Бонас беше во врска две години и се разделија во 2014 година.

Scroll to Top