Богатството на Џенифер Анистон, секоја година се зголемува за 30 милиони долари. Според податоците на Celebrity Net Worth, богатството ѝ се проценува на 320 милиони долари и годишно за најмалку 30 милиони долари, не само поради актерските ангажмани, туку и бројните спонзорски договори.
Џенифер се прослави со улогата на Рејчел Грин во култната серија „Пријатели“, а оттогаш глуми во бројни хит филмови и серии. Таа е заштитно лице на SmartWater, козметичката линија Aveeno, Vital Proteins и авиокомпанијата Emirates, со која потпиша договор вреден 5 милиони долари.
Нејзината популарна „Рејчел фризура“ ја прослави во „Пријатели“, поради што актерката го создаде својот бренд LolaVie со линија на производи за нега на коса, што ѝ носи заработка од околу 15 до 20 милиони долари годишно.
Иако снимањето на „Пријатели“ заврши во 2004 година, Анистон продолжува да добива хонорари од репризите, исто како и нејзините колешки. За потсетување, Анистон со Лиза Кудроу и Кортни Кокс станаа едни од најплатените телевизиски актерки благодарение на договорот.
Во последната сезона од серијата заработија по еден милион долари по снимена епизода. По завршувањето на „Пријатели“, Анистон се сврте кон бројни актерски ангажмани. Доби 8 милиони долари за филмот Marley and Me, а 5 милиони долари за филмот The Miller Family.