Ѕвездата од некогаш популарната тинејџерска серија „Беверли Хилс, 90210“, Брајан Остин Грин, вели дека сè уште има силни чувства кон неговата поранешна партнерка, глумицата Меган Фокс и дека тој сака тие повторно да бидат заедно.
Брајан и Меган по 15 години врска добија три сина, а се разделија во мај годинава. Двајцата тогаш изјавија дека тоа била најдобрата одлука која ја направиле, а Брајан по разводот изјавил дека тој засекогаш ќе ја сака Меган, но дека едноставено сега е моментот тој да продолжи понатаму.
„Меган и јас повторно заедно? Зошто да не. Нашите патишта можеби повторно ќе се сретнат. Јас секогаш ќе бидат тука за неа“, изјавил Грин, откако појаснил дека нема ништо против раперот Машин Ган Кели, со кого Меган во моментов е во врска.
„Не го познавам и имам слушнато многу лоши работи за него, но и за мене некогаш се пишуваа невистини, така што морам да ги земам тие работи со резерва. Важно ми е Меган да биде среќна, а јас ќе бидам тука за неа и нашите деца“, изјавил Брајан.