Поранешната холивудска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли повторно ќе се видат на суд. По битката за старателството за децата, овој пат тие водат судски спор околу нивната винарница.
Џоли решила да ги прекине сите односи со Пит, па сега сака и да го продаде својот удел во винарницата. Таа побарала судска дозвола и поднела тужба до судот во Лос Анџелес за укинување на привремената забрана за пристап до нивниот имот.
За потсетување, Бред Пит неодамна ја доби битката со Анџелина Џоли на суд и доби заедничко старателство за нивните шест деца.